Поврзете се со нас

Македонија

Почнаа промените: Работнички врати две легенди во своите редови

Објавено

на

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички во текот на вчерашниот ден најави големи промени и нова стратегија по неуспешната сезона на домашната и балканската сцена каде беше дел од АБА2 лигата.

Тие промени веќе започнаа и тоа со враќање со две големи имиња од домашната сцена, легенди на клубот од Градски Парк. Имено нов тренер на центарци ќе биде Тони Симиќ кој во изминатиов период беше тренер на второлигашот од Македонска Каменица.

Симиќ е човекот кој беше избран за наследник на Димитар Мираковски, а целта ќе биде да се врати сјајот на Работнички.

Во пакет со Тони доаѓа и Ѓорѓи Чековски кој пак ќе ја има улогата на спортски директор. Со овие потези започнува обновата на скопскиот тим, а останува да видиме какви играчи ќе бидат ангажирани во наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни