Почнаа промените: ЦРМ го потврди новото раководство во Автомобилистичката федерација!

vule dimushevski afm 2018

Мнозинството клубови со решение за дејност бавење со спорт на своето собрание изгласаа нови органи и тела на Автомобилистичката федерација која со години беше на работ на (не)активноста и немаше натпреварувачи ниту натпревари.

„Дерби“ дојде до податоци дека промените се веќе потврдени од страна на Централниот регистер и дека се избришани податоците за старите овластени лица, при што долгогодишниот генерален секретар по истекот на законското ограничување за вршење на оваа функција последно бил впишан како Претседател на комисијата за спорт.

Иако побаравме изјави, засега нашите барања останаа неуслишени. Очекуваме дека наскоро ќе има официјални соопштенија и потврда дека македонскиот авто спорт се враќа на старите патеки.

„Дерби“ претходно објави дека за в.д. претседател е избран Виктор Давидовски, а како генерален секретар беше именуван Александар Димушевски – Вуле.

crm mix

Facebook Коментари