Почнаа да се „загреваат“ за големото дерби: Коста му додеваше на Рамос, капитенот му одговори со врела „заушка“ (Видео)

Entrenamiento Selección Española de Fútbol

Шпанската фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски меча со Германија и Аргентина, а на денешниот тренинг кој го предводеше селекторот Хулен Лопетеги, во прв план на објективот на мадридскиот весник „Ас“ се најдоа двата лути ривали од клупскиот фудбал, Серхио Рамос и Диего Коста.

Сите добро знаеме колку беа жестоки нивните дуели во минатото во дерби пресметките кои ги играа Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а со оглед на тоа што бразилскиот напаѓач со шпански пасош се врати во шпанската престолнина оваа зима, сега ги чекаат нови беспоштедни битки на теренот.

Големото дерби меѓу Реал и Атлетико кое ќе се одигра на „Бернабеу“ е закажано за 8-ми април, а бидејќи до овој дуел не преостанува многу време, напаѓачот и стоперот почнаа да се загреваат за тоа што ќе го прават на теренот уште на денешниот тренинг.

Во крајно пријателска атмосфера, Коста постојано го провоцираше и задеваше капитенот на Реал, а откако ја премина границата, доби воспитна заушка од стоперот на „кралевите“ кој инаку е капитен и на шпанската фудбалска репрезентација.

Facebook Коментари