Почна Ол- Стар викендот со натпревар на ѕвездите во подем: Американците го „потопија“ Светот, Дончиќ со потег кој долго ќе се зборува (Видео)

doncicjang

Со натпреварот помеѓу ѕвездите во подем на САД и Светот започна Ол- Стар викендот кој оваа година се одржува во Чикаго.

„Домаќините“ немаа проблеми против комбинираниот светски тим и го добија овој натпревар со 151:131.

Најефикасен на паркетот беше ЕрЏеј Барет кој играше во тимот на Светот и кој постигна 27 поени, додека Брендон Кларк натпреварот го заврши со 22 поени.

Во тимот на САД се истакнаа Ерик Паскал со 23 поени, Колин Секстон со 21 и Мајлс Бриџс со 20. Играчот кој е во центарот на вниманието овие неколку месеци, Зајон Вилијамсон заврши со 14 уфрлени поени.

Инаку, Лука Дончиќ и на овој натпревар го имаше потегот на средбата кога од својата половина успеа да постигне неверојатен кош. Први честитки доби од неговиот „противник“ Тре Јанг.

На натпреварот не изостанаа и спектакуларни забивања и невројатни асистенции, па може да се каже дека Ол- Стар мечот на ѕвездите во подем ги задоволи вкусповите.

Facebook Коментари