Поврзете се со нас

Англија

Почина познатиот англиски стратег-Тери Венејблс

Објавено

на

foto:twitter.com/chris_kammy

Англискиот и светскиот фудбал остана без уште едно познато име, Тери Венејблс кој почина во 80. година од неговиот живот.

Некогашниот селектор на „гордиот албион“ и Австралија како и екс тренер на Барселона, Тотенхем, Кристал Палас, Квинс Парк Ренџерс, Мидлзброу и Лидс Јунајтед починал по тешка болест.

Тој во својата играчка кариера настапуваше за лондонските великани Челси и Тотенхем, а забележа и два настапи за англиската репрезентација.

Како селектор пак ја одведе Англија до полуфиналето на ЕП во 1996 година, со Барселона беше шампион на Шпанија и го освои Купот, а со „петлите“ ФА Купот во 1990 година.

Од Венејблс се простуваат многу познати асови како Линекер, Ширер, Невил…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни