Почина легендата на автомобилското новинарство Томислав Биљарац – Томби

Biljarac

Еден од најстарите македонски автомобилски новинари познатиот Томислав Биљарац – Томби почина. Тој беше спортски новинар кој со своето искуство кое беше над 40 години активност делуваше во радиото, новинските изданија, магазините, ревиите и воедно беше протагонист во сите сегменти на автомобилската индустрија во Македонија.

Неговата активност беше во делот на автомото спортот и успеа со неговата посветеност да им ги доближи убавините на мотоспортот на граѓаните на Македонија. Под негово дејствување се воведе рубриката за сообраќај во Радио Скопје,беше повеќе децении главен и одговорен уредник на изданието на Здруженито на возачите – Современ возач, потоа беше дел од жирито за избор на Автомобил на годината на Југославија, творец и сопственик на првата авто-мото ревија во независна Македонија – Авто Плус, основач на жирито за избор на Автомобил на годината во Македонија, беше дел од иницијаторите за манифестација „АВТО ЕКСПО“ која се одржуваше на Скопскиот саем долги години и еден од основачите на жирито AutoBest.

Последна почит роднините и пријателите ќе оддадат утре на градските гробишта Бутел, а колегите и соработниците ќе оддржат кратка комеморација во амфитеатарот во АМСМ во 13 часот.

Facebook Коментари