Поврзете се со нас

Балкан

Почина југословенската голманска легенда Драган Пантелиќ

Објавено

на

Српските медиуми уште вчера пренесоа дека фудбалската легенда Драган Пантелиќ е во тешка состојба и се бори за живот во болницата во Ниш, а денеска за жал информираат дека починал на 69-годишна возраст.

Легендарниот југословенски голман важеше за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во историјата на поранешната земја, а се прослави со своите одбрани во редовите на Раднички од Ниш, за потоа да си обезбеди и трансфер во француски Бордо.

Пантелиќ бил заразен со ковид-19, а откако му се влошила ситуацијата, вчера бил поставен на респиратор, што за жал не донело позитивен резултат во неговата најважна битка.

Покрај со клупските настапи, Пантелиќ беше миленик на фановите во регионот и поради одличните партии во југословенската репрезентација, како и поради фактот што имал најмногу постигнати голови во конкуренција на познатите екс-ју голмански имиња.

Најспецифичен „голгетерски“ момент во кариерата му е погодокот од гол на гол, кога со дегажман го совлада колегата Енвер Мариќ, а најконтроверзен момент беше едногодишната суспензија заработена во Франција, каде дисциплинците го казниле затоа што удрил помошен судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни