Поврзете се со нас

Свет

Почина четири месеци по срцевиот удар на теренот: Салах се прости од пријателот со потресна порака

Објавено

на

Тажна вест за Египет и светскиот фудбал. Тамошниот репрезентативец Ахмед Рефат почина четири месеци откако доживеа срцев удар на теренот во египетската лига.

Рефат (31) падна на натпревар од египетската лига во март, по што девет дена беше во индуцирана кома. Подоцна тој излезе од тоа и даде изјави дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал поради здравствени проблеми, но работите беа уште полоши.

Од неговиот клуб Модерн Футуре пристигнаа најлошите можни вести. На Рефат му откажа срцето.

Рефат беше познат фудбалер во својата татковина, како крилен напаѓач успеа да запише седум натпревари и два гола за египетската репрезентација. Тој беше пријател со најпознатиот египетски фудбалер Мохамед Салах, кој ја изрази својата тага на социјалните мрежи.

– Господ да му даде трпение на неговото семејство и на сите негови најблиски – напиша Салах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни