Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Почетокот на крајот: Роналдо беснеел во соблекувалната, Квадрадо бил единствениот кој му се спротивтавил (Видео)

Објавено

на

Серијалот на „Амазон прајм“ насловен „Се или ништо“ е посветен на последната сезона на Јувентус која се покажа и како последна за Кристијано Роналдо во Торино, а истиот ни нуди ексклузивни сцени од соблекувалната од мечот кој е означен како „почетокот за крајот“ на Португалецот во Јуве.

Јувентус доживеа елиминација од Порто минатата година во Лигата на шампионите и еден од главните виновници за тоа беше токму Роналдо со својата лоша реакција при поставениот жив ѕид, но серијалот на „Амазон прајм“ кој е прикажан во неколку епизоди открива дека токму Кристијано бил најгласен во соблекувалната на полувремето.

Порто водеше со 0:1 благодарение на голот од пенал на Оливеира и имаше предност од вкупни 3:1 во тој момент, сценарио кое предизвикало неизмерно бесна реакција од Кристијано.

– Срање, не играме ништо. Срање, секогаш играме како срање. И јас исто, зборувам и за мене. И јас се вклучувам во истиот брод, не играме ништо и треба да ја кажеме вистината. Ова е меч во Лига на шампиони, треба да покажеме карактер, – беснеел лутиот Роналдо, а му се спротивставувал само Квадрадо.

– Доста, смири се. Ти треба да бидеш пример за сите, – му возвраќа Квадрадо кој важеше за навистина близок со Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни