Поврзете се со нас

Евролига

Почеток на една нова ера: Бодирога е нов претседател на Евролигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/EuroLeague

Прославениот српски кошаркар Дејан Бодирога доби нависитна специјална задача од страна на европскта кошаркарска Федерација, бидејќи е избран за човек кој ќе го наследи Жорди Бертомеу.

Неповторливиот Жорди мина 22 години како челник на Евролигата, но во иднина, претседателската функција ќе ја извршува Дејан Бодирога кој денеска беше потврден како нов лидер на најелитното натпреварување на стариот континент.

Во моменти кога се игра Евробаскетот, Федерацијата одлучи дека е вистинско време за објавување на оваа вест, бидејќи во тек се и завршните подготовки за старт на новата сезона.

– Бодирога во својата нова улога со себе носи длабоко знаење и искуство, а ќе се фокусира на зголемување на квалитетот на клубовите, играчите, навивачите и партнерите кои се дел од Евролигата, – стои во официјалната објава.

– Влегуваме во нова ера во Евролигата. Во изминатите 20 години гледавме како најсилното европско натпреварување се зацрврсти како сила во глобалната сфера на спортот. Сакам да им се заблагодарам на Бертомеу и неговиот тим за визијата која ја имаа и напорната работа која ја завршија, – изјави Бодирога.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни