Поврзете се со нас

Англија

Почетниот блесок на Арсенал доволен за победа и прво место во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал ќе остане првопласиран на табелата во Премиер лигата и по комплетирањето на 14-то коло, откако ова попладне уште еднаш одеше по „тенка жица“, но успеа да победи минимално на „Емирејтс“.

Откако пред една недела со многу мака стигна до победа над Брентфорд, тимот на Микел Артета денеска имаше многу подобро отворање против Вулверхемптон, а почетниот блесок се покажа како доволен за победа.

Букајо Сака и Мартин Одегард погодија во 6-та и 13-та минута за водство од 2:0 и домаќините во продолжение пропуштија шанси да имаат мирно затворање на мечот, па тоа направи да имаме и конфузна завршница.

„Волците“ не се предадоа и Куња внесе нервоза во 86-та минута, по што Арсенал мораше да се брани во последните напади за да го задржи водството од 2:1.

Без поголеми проблеми, „топчиите“ успеаја во таквата намера и сега отидоа на „плус четири“ од Манчестер Сити, тим кој викендов игра дерби пресметка против Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни