Поврзете се со нас

Европски првенства

Почетни состави: Шпанија започнува со проверена комбинација, Кварацхелија и Мамардашвили ја предводат Грузија (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Во 21 часот во Келн се игра четвртиот меч од осминафиналето на Европското првенство во кое силите ќе ги одмерат Шпанија и Грузија.

Шпанците се фаворити на хартија, ама тоа ќе треба да го потврдат на теренот против селекцијата која пред неколку дена ја совлада Португалија што е знак дека „црвената фурија“ треба да биде внимателна без разлика на тоа што сите фактори, параметри се на нејзина страна.

Селекторот Де Ла Фуенте се реши да проверена, добитна комбинација во формација 4-3-3 во која Вилијамс, Мората и Јамал ќе бидат задолжени за голови, Руиз, Родри и Педри ќе ја чуваат средината на теренот, а во одбраната пред голманот Симон ќе бидат Ле Норман, Кукуреља, Карвахал и Лапорт.

Кај Грузијците најголеми ѕвезди се Кварацхелија и Мамардашвили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни