Поврзете се со нас

Европски првенства

Почетни состави: Саутгејт ја промени формацијата на Англија, Јакин игра на сигурно (ФОТО)

Објавено

на

Foto: x.com/England

Англија и Швајцарија ќе ги одмерат силите во третиот меч од четвртфиналето на Европското првенство кој од 18 часот се игра во Дизелдорф.

Саутгејт и Јакин направија избор, ги објавија почетните состави со тоа што далеку поинтересен е потегот на англискиот селектор.

Имено Герет одлучи да ја промени формацијата и овој дуел ќе го започне со тројца во одбраната или 3-4-3.

Конса ќе го замени суспендираниот Гехи во дефанзивата, а Трипие ќе игра како поафанцивен играч на десната крилна позиција.

Швајцарците пак ништо не менуваат, тимот кој донесе резултати останува ист со надеж дека ќе биде обезбедено полуфинале на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни