Поврзете се со нас

Европски првенства

Почетни состави: Нагелсман направи една значајна промена, Де Ла Фуенте тргнува со тимот кој му носи резултати (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија и Германија ќе ги одмерат силите во првото четвртфинале на Европското првенство, меч кој од 18 часот се игра во Штутгарт и за кој Луис Де Ла Фуенте и Јулијан Нагелсман ги отворија картите, поточно ги избраа почетните состави.

Нема изненадување кај „црвената фурија“, Де Ла Фуенте тргнува со тимот кој му носи резултати во формација 4-2-3-1.

Домашниот селектор Нагелсман пак направи една значајна промена во почетната постава и на средината на теренот го постави Џан и тоа на местото на Андрих од Баер Леверкузен.

Џан заедно со Крос треба да и овозможат контрола на Германија на средината на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни