Поврзете се со нас

Европски првенства

Почетни состави: Куман ништо не менува, Чалханоглу и Акајдин се враќаат кај Турција (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/OnsOranje

Холандија и Турција ќе ги одмерат силите во последниот четвртфинален меч на Европското првенство и тоа од 21 часот во Берлин.

Ова е дуел во кој барем на хартија блага предност имаат „лалињата“ кои одиграа навистина импресивно во претходната рунда против Романија, па селекторот Роналд Куман ништо не промени затоа што верува дека таа „единаесетка“ може да му донесе резултат.

Винченцо Монтела пак на другата страна одново игра без класичен напаѓач, а во составот по суспензиите се враќаат капитенот Чалханоглу и дефанзивецот Акајдин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни