Почесниот гол на Бартон во центарот на вниманието: Аматерската реакција на Переира ја изнасмеа цела Англија (Видео)

romero-poteg

Манчестер Јунајтед без проблеми го надигра второлигашот Бартон и успеа да победи со убедливи 4:1, но сепак овој триумф беше проследен и со еден катастрофален кикс на голманот Переира кој го замени Ромеро во финишот и му дозволи на аутсајдерот да постигне почесен гол.

Голманот имаше аматерска реакција и ја испушти топката од своите раце откако истата се одби од гредата, а тоа му овозможи на Даер да постигне почесен гол на „Олд Трафорд“. Претходно, Манчестер Јунајтед го реши прашањето околу патникот во следната фаза на ЕФЛ купот со двата гола на Рашфорд и погодоците на Лингард и Марсијал.

Од фаворитите, преубедлива победа оствари и Челси кој славеше со 5:1 против Нотингем, Арсенал со минимални 1:0 славеше над Донкастер, а Сити со 1:2 победи против ВБА.

Facebook Коментари