Поврзете се со нас

Италија

Победничко деби за Де Роси на клупата на Рома (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанската фудбалска легенда, Даниеле Де Роси имаше победничко деби на клупата на калчолигашот Рома.

Пред неколку дена Де Роси стана нов предводник на некогашниот негов клуб, а во својот прв меч на новата фунција тој се израдува на триумф над Верона од 2-1.

„Волчицата“ клучната предност ја направи во првото полувреме кога од 19 до 25 минута стигна до водство од 2-0 со погодоците на Лукаку и капитенот Пелегрини.

Гостите пак беа поконретни по паузата, па така Ѓуриќ во 64 минута не реализираше удар од 11 метри, ама Фолораншо во 76 намали на 2-1.

До крајот немаше потреси и фаворитот дојде до трите посакувани бода. Рома сега иам 32 бода и е на 8. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни