Поврзете се со нас

Германија

Победничко деби на Тухел: Баерн го суреди Дортмунд и се врати на првото место во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/FCBayernEN

Фудбалерите на Баерн Минхен славеа над Борусија Дортмунд со 4-2 во дербито на 26. коло во Бундеслигата.

Во првиот меч на Томас Тухел на кормилото на баварците, домашниот тим дојде до резултатот кој го посакуваше и на тој начин го презема водството во шампионатот од денешниот противник.

Триумфот на Баерн го најави гостинскиот голман Кобел кој направи катастрофална грешка во 13 минута кога му подари водство на актуелниот првак. Потоа Милер постигнна уште два гола со кои четата на Тухел замина со 3-0 на пауза.

На стартот на вториот дел Коман погоди за 4-0 по што беа решени сите дилеми околу победникот ако воопшто ги имаше и претходно. Во завршницата „милионерите“ стрелаа преку Џан и Мален и со тоа го ублажија поразот.

Баерн сега имаа 55 бода, Дормунд 53, а Унион Берлин 51 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни