Поврзете се со нас

Свет

Победнички старт за Кузмановски и Хановер на Бундеслигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и Хановер со триумф ја започнаа новата сезона во првата лига на Германија.

Во вечерашниот меч против Минден составот на Хановер како домаќин се избори за минимален триумф од 26-25 и тоа пред се благодарение на квалитетното прво полувреме (16-11). Мартиновиќ со седум и Хансен со 6 беа најефикасни во победничкиот табор, Рамбо пак на спротивната беше автор на девет голови.

Нашиот Кузмановски имаше тивок меч со само еден непрецизен удар кон противничкиот гол.

Вториот наш интернационалец Мартин Томовски со Лудвигсхафен загуби од Лајпциг со 27-19. Томовски не забележа ниту една одбрана на дуелот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни