Поврзете се со нас

Македонија

Победнички старт на Вардар, триумфи и на Пелистер и Гостивар

Објавено

на

Екипата на Вардар на идеален начин со победа ја отвори новата сезона во Втората македонска фудбалска.

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив славеше на гостувањето во Гостивар кај Арсими со 1-0. Стрелец на единствениот гол вреден три бода за „црвено-црните“ беше летното засилување Дарио Десниќ во 51 минута.

Сигурен старт на шампионатот има и останатите кандидати за пласман во најсилната домашна конкуренција, па така Гостивар беше подобар од Локомотива Пехчево со 3-2, додека Пелистер го надигра Кожув со 4-2.

Втора лига-резултати:

Арсими – Вардар 0-1
Кожуф – Пелистер 2-4
Охрид – Тетекс 2-1
Локомотива Пехчево – Гостивар 2-3
Каменица Саса – Беса 1-2
Караорман – Воска спорт 0-2
Детонит Плачковица – Беласица 2-0
Борец – Слога Виница (24. август)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни