Поврзете се со нас

Македонија

Победнички старт на третиот круг за Струга и Шкупи, Шкендија повторно остана „без муниција“

Објавено

на

Екипите на Струга Трим Љум и Шкупи со победи над Академија Пандев Брера Струмица и Работнички го отворија третиот круг на натпревари во Првата македонска лига.

Актуелниот шампион Струга славеше над АП Брера со 3-1 со головите на Ибраими, Руфати (автогол) и Згуро, додека за гостите погоди Јанкулов во самата завршница.

Со ова избраниците на Дуро остануваат на врвот на табелата со бод повеќе од Шкупи кој денеска во скопската пресметка го доби Работнички со 3-2.

Чаирчани водеа со 2-0, „романтичарите“ возвратија и израмнија на 2-2 за да во Рватубјае во 84 минута со својот втор погодок донесе голема радост за домашниот тим и навивачи.

Шкендија пак на втор натпревар во низа остана „без муниција“, овојпат против Воска Спорт. Мрежите мируваа на дуелот Гостивар-Вардар што за црвено-црните е важен бод во битката за опстанок во елитната домашна фудбалска конкуренција.

Останати резултати:

Силекс – Македонија ЃП 1-0
Тиквеш – Брегалница 2-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни