Победнички старт на новата сезона: Лазаров и Нант го средија Данкерк

lazarov sut

Екипата на Нант од која дел е нашиот репрезентативец Кирил Лазаров со победа над Данкерк од 29-24 ја започна новата сезона во првата француска лига.

Кире и компанија бодрени од навивачите не дозволија изненадување, па така постепено ја градеа предноста која на крајот беше пет голови. По првите 30 минути резултатот беше 14-11, позитива која беше потврдена во продолжението за одличен почеток на кампањата.

Ривера со 9 голови беше прв стрелец, Лазаров пак беше автор на два голови од шест обиди. Во следната рунда Нант му гостува на моќниот ПСЖ.

Facebook Коментари