Македонија
Победнички старт на Милано на клупата на Вардар
Аргентинскиот стратег Гиљермо Милано со победа ја започна приказната со македонскиот ракометен прволигаш Вардар кој славеше на гостувањето кај Струга со 34:25 во рамките на 11. коло во Суперлигата.
Скопскиот тим одигра колку што му беше доволно на овој меч за да дојде до посакуваниот резултат, десетто славје во шампионатот. Домаќините беа рамноправни во првиот дел и на пауза заминаа само со еден гол негатива (16:15).
Меѓутоа второто полувреме беше друга приказна, фаворитот одигра на повисоко ниво на двете страни на теренот, поцврсто, поефикасно и беше запишан триумф од девет разлика. Од овој меч за издвојување е и тоа што кај гостите конечно дебитираше засилувањето Мигел Пинто, додека по повредата се врати и бекот Димитро Горига.
Сега за Вардар следи европски предизвик, гостување кај Валур во Европската лига на ЕХФ.
-
Шпанија11 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Свет24 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Италија22 часа
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Формула 111 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет10 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија14 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Италија12 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија