Победнички ритам: Нено и Хувентуд ја средија и Сарагоса

nenad

Составот на Хувентуд од кој дел е нашиот Ненад Димитријевиќ ја прокнижи четвртата победа во низа во АЦБ лигата и тоа на гостувањето кај Сарагоса со 92-90.

Ова беше средба која беше неизвесна до самиот крај, но како победници во драмата излегоа Нено и другарите кои се по осум рунди имаат учинок 4-4. Балканската комбинација Препелиќ и Омиќ беа најдобри кај победниците, првиот реализираше 23 поени, 3 скокови и 2 асистенции, додека пак центарот застана на 14 кошеви и 8 скокови.

Димитријевиќ пак беше автор на 4 поени, 1 скок и 3 асистенции.

Во следната рунда Хувентуд е домаќин на Тенерифе.

Facebook Коментари