Победи на Србљак и Јотовски на турнирот во Анталија

srbljak

Македонските тенисер, Горазд Србљак и Томислав Јотовски забележаа победи во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција кој се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Србљак го мина првото коло и тоа отккао по една исцрпувачка битка којра траеше три часа беше подобар од Гибрил Диара од Австрија со 2-1 во сетови (7-5, 5-7, 5-7). Во следната рунда ќе игра со подобриот од битката меѓу четвртиот носител Марвин Нетушил од Германија и Миљан Зекиќ од Србија.

Јотовски пак ја мина последната пречка во квалификациите, односно дојде до главната фаза преку Валентин Ванта од Романија. Томи издвојува победа од 2-0 и со тоа закажа меч со третиот носител Чехот, Павел Неједли.

Во двојки пак Горазд и Томислав загубија од Никлас Шел и Давид Хорда Санчис со 2-1 во сетови по еден ипол час игра.

Facebook Коментари