Шпанија
Победата над Реал донесе и лоши вести: Каталонците останаа без стартер за наредните пет седмици

Барселона го надигра Реал Мадрид и по 15. рекорден пат успеа да триумфира во Супер Купот на Шпанија.
Каталонците сосема заслужено славеа со 5-2 во меч во кој комплетно го надиграат големиот ривал, меч во кој можеби ќе славеа и си поголема разлика ако не беше црвениот картон на голманот Шчесни на почетокот на второто полувреме.
Овој триумф сигурно ќе ја крена самодовербата и атмосферата во соблекувалната на Барселона, но вчерашниот натпревар во Џеда донесе и една лоша веста. Имено се повреди Ињиго Мартинез, играчот кој игра во импресивна форма во досегашниот дел од сезоната, повреда која според информациите ќе го оддалечи најмалку еден месец од терените.
Проблемиот со мускулот значи дека тој нема да биде достапен во наредните пет седмици и ќе пропушти најмалку девет натпревари во овој напорен дел од сезоната кога едноставно има натпревари во сите конкуренции.
Дефанзивецот ќе скокне минимум девет средби и тоа Бетис, Хетафе, Бенфика, Валенсија, Аталанта, Алавес, Севилја, Рајо Валјекано и Лас Палмас, плус не би играл ниту во четвртфиналето на Копа Дел Реј ако екипата обезбеди билет за таа фаза.
Араухо беше играчот кој вчера достојно го замени, ама тој се поврзува со преселба во Јувентус, но прашање е сега дали шпанскиот тим ќе се ослободи од Уругваецот по овој неочекуван проблем со Мартинез.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..