Победата над Норвешка донесе позитивно поместување: Македонија скокна девет позиции на најновата ФИФА ранг листа!

pandev

Македонија во месец ноември одигра само еден меч со Норвешка и истиот го заврши победнички со 2-0, па таа наша победа како и резултатите на останатите селекции ни донесоа нов скок на најновата ФИФА ранг листа.

Сега „црвено-жолтите“ со вкупно 446 бодови се 76 светска сила или тоа поточно тоа значи дека на ноемвриското рангирање напредувавме 9 позиции. Најблиску, пред и зад нас во ова друштво се Уганда, Замбија, Либија и Сирија.

Со овој напредок само се продолжи трендот на позитивни резултати, ние оваа година ја започнавме како 162, во март бевме 166 за да сега дојдеме до 80 најдобри на планетава.

Во Топ 10 имаше неколку промени, па сега редоследот е следен: Германија е на врвот пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Facebook Коментари