Победата донесе и значајно достигнување: Дортмунд израмни рекорд во Бундеслигата (ФОТО)

dortmund-sancho-can

Составот на Борусија Дортмунд лесно и убедливо го реши Ајнтрахт Франфурт со 4-0 во првиот натпревар од 22. коло во Бундеслигата.

Домашниот тим славеше со 4-0  на „Сигнал Идуна Парк“ со погодоците на Пишчек, Санчо, Халанд и Гереиро и со тоа дојде до второто место во германскиот шампионат. Меѓутоа ова славје донесе и едно значајно достигнување за „милионерите“, односно израмнија рекорд на Баерн Минхен и Хамбургер.

Имено Дортмунд стана третата екипа во Бундеслигата која по 22 натпревари во сезоната успеала да постигне 63 погодоци. Претходно тоа го направиле уште Баерн во натпреварувачката 1973-74 и Хамбургер во кампањата 1981-82.

Facebook Коментари