Победа за Кузмановски, Талески и Балинген немоќни против лидерот Кил

kuzmanovski

Филип Кузмановски оствари важна победа со Магдебург против Лајпциг (28:26), додека нашиот втор репрезентативец, Филип Талески беше дел од поразот на Балинген во дуелот со силниот Кил (20:32) на домашен терен.

Тоа е епилогот од настапите на нашите интернационалци во ракометната Бундеслига, а причина за славење имаше Кузмановски кој постигна 2 гола без промашување и на тој начин му помогна на Магдебург во триумфот над незгодниот Лајпциг.

Талески реализирал еднаш за Балинген кој немаше решение за фаворитот Кил, кој без проблеми го доби натпреварот на гостински терен откако уште на полувреме имаше предност од седум голови, а на голот го имал расположениот Ландин кој собрал дури 18 одбрани.

По ова коло, Балинген останува блиску до дното со серија од четири порази по ред, додека Магдебург е на петтата позиција со седум бодови помалку од лидерот Кил.

Facebook Коментари