Поврзете се со нас

Свет

Победа за Ивановски, бод за Николов и нов пораз на Ристевски во Унгарија

Објавено

на

Унгарското фудбалско првенство продолжи денеска со три натпревари, а на секој од нив настапи по еден наш актуелен или привремен репрезентативец.

Најдобро помина Мирко Ивановски, чиј ДВТК успеа да го победи Мезоковешд со 1:0 и тоа со гол од пенал, а нашиот интернационалец настапил до 72. минута на оваа средба.

Бобан Николов одигра во завршницата како резервист на МОЛ Фехервар, а неговиот тим освои бод на гостувањето кај Пакс (0:0), со што му овозможи на Ференцварош да ја зголеми предноста на првото место.

Неуспешен настап имаше Ујпешт на Кире Ристевски, кој загуби (1:0) на гостински терен од Кишварда, а нашиот репрезентативец заработил и жолт картон на средбата која ја одиграл од почеток до крај.

Овој пораз значи дека Ујпешт на последните пет натпревари освои само бод и веќе е израмнет со претпоследниот Пакс, што најавува и борба за опстанок на составот од Будимпешта.

Николов и Фехервар се на второто место, додека ДВТК барем привремено е на четвртата позиција во унгарското првенство.

Од прославувањето на погодокот на ДВТК и атмосферата на трибините може да се види и колку се внимава на мерките за дистанцирање поради коронавирусот.

DVTK – Kövesd 1-0

A Mezőkövesd elleni győzelemmel a tabella negyedik helyére ugrott fel a DVTK!

Gepostet von M4Sport am Samstag, 30. Mai 2020

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни