Победа и скина два бода на фаворизираната Шкендија, „романтичарите“ паднаа во Чаир

T (1)

Екипата на Шкендија во четвртото коло ги загуби првите два бода во новата сезона, а затоа се погрижи Победа која се избори за реми 3-3 на средбата која се одигра во Тетово.

Во меч со пресврти први поведоа прилепчани и тоа преку Најдовски во 16 минути, но домаќините уште во првиот дел успеаа да го свртат резултатот во своја полза со погодоците на новајлијата Емини (30) и Ибраими (43).

На стартот на вториот дел „црвено-црните“ доживеаа вистински шок примајќи два голови во мрежата на Захов од страна на Цветановски (49) и ветеранот Гешовски (53). До самиот финиш овој резултат беше во игра кога Абдурахими (87) погоди за конечни 3-3.

Мечот во Скопје меѓу Шкупи и Работнички заврши со триумф на домашниот состав од 2-1 со голот на Јашароски во 90 минута. Претходно во првиот дел, Мбела стрелаше за чаирчани, а Садики за „романтичарите“.

T (3)

T (2)

Пелистер и Скопје пак одиграа реми без погодоци, додека Балдовалиев донесе победа на Академија Пандев над Ренова.

Facebook Коментари