Победа и прво место за Антиќ и Звезда пред стартот на плејофот

pero-covic

Македонскиот центар, Перо Антиќ и Црвена Звезда забележаа победа над Тамиш со 94-87 и го обезбедија првото место во групата А пред почетокот на плејофот во српскиот шампионат.

„Црвено-белите“ и на оваа средба се мачеа, меѓутоа со добра игра во последната четвртина (27-20) успеаа да дојдат до посакуваниот резултат и да ја оправдаат фаворитската улога.  Омиќ со дабл-дабл од 19 поени и 14 скокови беше најдобар поединец, Фелдин реализираше 17 поени со 5 скокови и 3 асистенции.

Антиќ за 17 минути уфрли 7 поени, 2 скока и 1 асистенција.

Facebook Коментари