Победа и пораз на ракометарките во пресметките со Турција

Zeni ehf nedela

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа победа и пораз на денешните пресметки со селекцијата на Турција на турнирот во Анталија.

Избраничките на Симе Симовски на првиот меч против Б-селекцијата на Турција славеа со 37-19 (22-8), додека пак на вторито загубија од А тимот на домаќинот со 42-33 (22-17).

Ова за нас беше трета контрола на овој турнир, на првиот меч ремизиравме со Италија, па сега ни останува само уште пресметката со Косово закажана за во понеделни од 17 часот.

Facebook Коментари