Поврзете се со нас

Формула 1

Победа на Ферстапен во Абу Даби за затворање на Формула 1 сезоната

Објавено

на

Макс Ферстапен победи на последната трка од Формула 1 сезоната во 2020 година, која поради пандемијата се возеше со променет календар и во поинакви услови, а не донесе промени и во однос на доминацијата на Мерцедес.

Возачот на Ред Бул денеска триумфираше во Абу Даби, со што на најдобар начин ја искористи вчера освоената пол-позиција и зад себе ги остави Валтери Ботас и старо-новиот шампион Луис Хамилтон.

За Ферстапен ова е втора победа во веќе завршената сезона и вкупно десетта во Ф1 кариерата, но недоволна за да го преземе второто место во генералниот пласман од Ботас.

Трката во Абу Даби не донесе многу возбудувања и не донесе борба за промени на водечките три позиции, па распоредот по квалификациите остана и по крајот на трката, а најмногу битка имаше за освојување што повеќе бодови, односно распоредот до десеттото место.

Во тој дел се најдоа Албон, Норис, Саинц, Рикардо, Гасли, Окон и Строл, а добриот пласман на Норис и Саинц и на последната трка, му го донесе третото место на Мекларен во поредокот кај конструкторите.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни