Поврзете се со нас

Лига Европа

Победа и пораз за Алиоски и Тричковски, Рома се „лизна“ во Бугарија, Арсенал дојде до прво славје

Објавено

на

Иван Тричковски и Езгјан Алиоски беа стартери на денешните мечеви на нивните АЕК Ларнака и Фенербахче во Лига Европа, натпревари кои на крајот ги завршија со вистинска драма во судиското продолжение, драма која донесе чувства, епилог на истите.

Тричко со АЕК загуби со 2-1 од Рен и тоа со голот на Асињон со гол во 94. минута. Во Турција пак Фенер на Џани го доби Динамо Киев со 2-1 со погодокот на новајлијата Батшуаји во 93 минута.

Рома доживеа уште еден непријатен пораз, овојпат во Бугарија од Лудогорец со 2-1. Пред неколку дена „волчицата“ беше потопена од Удинезе во Серија А, додека пак вечерва бугарскиот првак и зема мерка со погодокот на Нонато во 88 минута.

Малме на Екдал Ракиб загуби од Брага со 2-0, а премиерлигашот Арсенал славеше со 2-1 над Цирих со головите на Маркињос и Нкетија.

На другите средби ХЈК-Бетис 1-2, ПСВ-Бодо 1-1, Унион Берлин-Ројал Унион 0-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни