Победа ги ангажираше Велкоски и Петкоски, но се откажа од Грбовиќ

pobeda-trening1

Приепскиот прволигаш Победа на ден пред завршувањето на зимскиот преоден рок го официјализира ангажманот на двајца млади централни дефанзивци, односно Виктор Велкоски и Андреј Петкоски. Клубот истовремено информира дека се повлекува од трансферот на српскиот интернационалец Стефан Грбовиќ, кој беше најавен вчера.

22-годишниот Виктор Велкоски во Победа доаѓа од прволигашот Скопје, каде беше стандарден првотимец во есенската полусезона каде пропушти само два натпревари. Велкоски е продукт на школата на Вардар, каде ги минал сите категгории, а настапувал уште за Пелистер во Првата и Љубанци во Втората лига.

19-годишниот Андреј Петкоски по неколку години се враќа во родниот Прилеп. По настапите за 11 Октомври и Кожув тој запишувајќи се во фудбалската академија во Скопје неколку години настапуваше и беше меѓу најзабележителните во школата на ФК Работнички.

Победа информира дека поради некомплетна документација и проблеми на релација играч-претходен клуб се повлече од реализација на трансферот на српскот интернационалец Стефан Грбовиќ.

Facebook Коментари