Победа е подготвена да го „нокаутира“ и Пелистер

pobeda-prilep

Во таборот на Победа владее одлична атмосфера по неделниот триумф против Академија Пандев во Првата македонска фудбалска, па на крилата на тој оптимизам прилепчани ќе се обидат да дојдат до одличен резултат на утрешниот прв 1/4-финален меч од Купот на Македонија со Пелистер во Битола.

Шефот на стручниот штаб на клубот од Прилеп, Славољуб Бубања го потенцира значењето на овој меч, но и воопшто на Купот како специфично натпреварување особено затоа што во Црна Гора со Челик има освоено Куп трофеј.

-Натпреварот со А.Пандев за нас е минато. Веќе утре имаме натпревар против Пелистер. Сигурно како што и Пелистер, како минатогодшен осовојувач на пехарот, има свои и ние имаме наши амбиции во Купот на Македонија. После би рекол незаслужените порази од Шкупи и Шкендија, кои тешко ни паднаа на сите, момците се вратија и во Струмица покажаа карактер и го потврдија својот неспорен квалитет. Тоа неделно издание ни дава голем оптимизам пред овој натпревар. За мене Купот е своевидно турнирско натпреварување од два натпревари. Имаме добар ростер на фудбалери и такаречи од моето доаѓање првпат за утрешниот меч сите фудбалери се во комбинација-нема ни повредени ни казнети поради картони. Ние ќе дадеме се од себе утре и се надевам на поволен резултат. Од мој аспект, затоа што имам освоено Куп трофеј, се што ќе  направиме на утрешниот меч со постигнат гол во Битола би биле поблиску до полуфиналето, -истакна Бубања.

Facebook Коментари