Поврзете се со нас

Македонија

Победа е нов прволигаш, Вардар и Воска ќе одлучуваат во последното коло

Објавено

на

Втората македонска фудбалска лига ќе носи возбудувања и неизвесност и во последното коло, бидејќи во Западниот дел од натпреварувањето ќе го дознаеме патникот во баражот во завршната рунда.

Силекс како нов прволигаш одигра без притисок и без преголема мотивација, а со тоа му овозможи на Вардар да оствари минимална победа од 1:0 и да остане во игра за второто место на табелата.

„Вардарци“ победија со голот на Иван Николов и останаа живи за последното коло, од кое ќе мора да добијат услуга од противникот кој денеска го надиграа.

Од друга страна, Воска Спорт без проблеми ја победи Беса на домашен терен со 3:0, па во последното коло доволен ќе им биде и бод за историски пласман во бараж за Првата фудбалска лига во Македонија.

Во Источната конкуренција, Победа оствари победа над Пехчево и стана нов прволигаш, односно се враќа во елитата бидејќи има три бода повеќе од Беласица и подобар меѓусебен дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни