По трет пат Маврово домаќин на летниот ракометен камп „Маврово 2017“

alushakademija-5

Во текот на вчерашниот ден започнa третиот ракометниот камп „Маврово 2017“. По успехот на првите две изданија на летниот ракометен камп, трета година во низа домаќин на младите ракометни таленти ќе биде хотелот „Спорт“ во Маврово.

Идните професионални ракометари секојдневно ќе тренираат во спортската сала „Маврово“ под будното око на Стефче Алушовски, Благојче Весиќ, Лефтер Бошковски и Војне Савески. Во идеални услови кои ги нуди спортскиот центар во Маврово, на надморска висина од 1200 метри, младите „кампери“ ќе уживаат во свежината на природа и мирот кој го пружа националниот парк Маврово како вистинското место за одмор, дружење и релаксирање.

На кампот ќе учествуваат педесетина деца, кои ќе бидат поделени во три групи. Секоја група ќе тренира по два пати на ден, а како и на минатогодишното издание секојдневно кампот ќе го посетуваат поранешни и сегашни македонски репрезентативци, признати ракометни експерти и пријатели на „Академија Алушовски“.

Маврово и младите ракометни надежи ќе ги посетат Андреа Лекиќ, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, Наумче Мојсовски, Гоце Георгиевски, Никола Митревски, Петар Ангелов, Дејан Манасков, Андон Бошковски, Младен Ракчевиќ, Драган Ѓуќиќ …

Драго ми е што овој камп прерасна во традиција. По две успешни изданија, сега сме поискусни и подготвени да го започнеме третиот ракометниот камп. Знаеме со какви предизвици би можеле да се соочиме, затоа нашиот стручен штаб и луѓето кои се инволвирани во организација, во наредните шест дена ќе се обидат да бидат на врвот на својата задача. Во техничката екипа покрај мене учествуваат Лефтер Бошковски, Благоја Весиќ и Војне Савески, како и докторката Албина Бејта. Маврово нуди одлични услови за организација на летен ракометен камп. Повторно имаме речиси 50 учесници на „Академијата Алушовски“, очекуваме одлична дружба, совладување на ракометни вештини и убави спомени,-заклучи Алушовски.

Во наредните седум дена двајца интернационални тренери, актуелниот селектор на Црна Гора, најдобрата ракометарка за 2013 година и речиси сите македонската ракометна репрезентација треба да надополнат стручниот и техничкиот сегмент од „Маврово 2017“.

Facebook Коментари