По тешкото боледување почина поранешниот холандски репрезентативец и прославен фудбалер на Глазгов Ренџерс

riksen

43 годишниот Фернандо Риксен ја загуби битката со тешката болест АЛС, односно амиотрофична лателарна склероза која му беше дијагностицирана само неколку месеци откако ја заврши професионалната кариера.

Риксен е холандски фудбалер кој се прослави со настапите во Глазгов Ренџерс, а во јавноста беше познат и по тоа што имаше големи проблеми со алкохолот.

Во 2013 година се реши да стави крај на фудбалската кариера и од тогаш почна неговата агонија со опасната болест која удира на нервниот систем и го донесе до целосна парализа.

Риксен ќе остане запаметен по одличните настапи за време на неговиот шестгодишен престојво Ренџерс, а освен за шкотскиот тим играше и за Фортуна Ситард, Знит и АЗ Алкмар.

Facebook Коментари