Поврзете се со нас

Англија

По тешката победа: Мурињо долови како изгледа соблекувалната во модерниот фудбал и стана вирален хит (Фото)

Објавено

на

Жозе Мурињо се израдува на една многу тешка победа на незгодното гостување кај секогаш цврстиот Барнли, триумф кој „петлите“ го остварија благодарение на својот ударен двоец во нападот.

Комбинацијата Кејн-Сон му донесе нови бодови на Тотенхем во Премиер лигата, со што Мурињо и играчите го оставија зад себе болниот кам-бек кој го направи Вест Хем на натпреварот кој се одигра во минатото коло.

Португалскиот стручњак го испофали својот напаѓачки двоец по победата од 0:1 и нагласи дека нивното добро разбирање на теренот прави разлика за Тотенхем, но сепак искусниот португалски стручњак повеќе ги воодушеви фудбалските фанови со својата порака која ја испрати на социјалните мрежи.

Жозе во последно време е крајно активен на Инстаграм, па сега долови како изгледа соблекувалната во модерниот фудбал по една тешка победа.

– После одлична победа на навистина тежок меч…. Знак за времето. Браво момци, – порача Мурињо за фотографијата на која се гледа како сите играчи на Тотенхем гледаат во своите мобилни телефони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни