Поврзете се со нас

Репрезентација

По шокот за Несторовски прв со поддршка се јави капитенот Пандев: Брат мој, те познавам долги години (Фото)

Објавено

на

Искусниот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски доживеа вистински шок откако се остварија црните прогнози по неговата повреда.

Несторовски ги скина вкрстените лигаменти на коленото, повреда која бара долго мирување  што значи дека Несторгол ќе го прескокне историското Европско првенство за репрезентацијата на Македонија.

По шокантните вести јавноста му даде поддршка на напаѓачот, а прв од соиграчите кои му даде поддршка е капитенот Горан Пандев кој упати порака преку социјалните мрежи.

Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија со Несторовски на кој напиша: -Брат мој, те познавам долги  години и убеден сум дека ќе се вратиш посилен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни