Поврзете се со нас

Свет

По само седум дена: Робињо остана без ангажман поради случајот „силувана Албанка“ (Фото)

Објавено

на

На крајот на минатата седмица, бразилскиот великан Сантош излезе со една сензационална информација во јавноста, обелоденувајќи дека легендарниот Робињо се враќа во клубот и ќе игра до месец февруари за смешна сума во првиот тим.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан се согласи да игра за саканиот клуб за месечна плата од симболични 230 евра, но само седум дена по официјалната објава на Сантош, клубот сега се најде во ситуација да биде приморан да ја прекине соработката.

Ова утро беше пренесено дека договорот со Робињо е поништен, откако двете страни процениле дека најдобро за играчот ќе биде да се концентрира на неговата најважната битка во овој момент, бранењето за слобода.

Робињо во 2017-та година беше осуден на девет години затвор од италијанскиот суд откако беше прогласен за виновен во групно силување на 23-годишна Албанка, па поради ваквиот скандал кој е актуелен и ден денеска, Сантош кој и онака е во сериозна финансиска криза, се најде во ситуација да добива закани за губење на актуелните спонзори.

По неколкуте најави за прекин на договорите поради ангажманот на Робињо, Сантош реагираше и после само седум дена го поништи договорот со напаѓачот, кој сега останува слободен агент во ситуација кога допрва треба да докаже дека е невин во целиот случај кој датира од 2013-та година.

– Сантош и Робињо информираат дека после заеднички договор, одлучија да ја суспендираат важноста на договорот кој беше потпишан на 10-ти октомври, со цел играчот да може ексклузивно да се концентрира на својата одбрана во судскиот процес кој се одвива во Италија, – гласи објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни