Поврзете се со нас

Балкан

По само пет месеци: Клајверт доби отказ во Турција

Објавено

на

foto:www.facebook.com/AdsKulubu

Легендарскиот холандски ас, Патрик Клајверт ја заврши приказната со турскиот прволигаш Адана Демирспор.

Клајверт го презема овој тим во текот на летото, но по само пет месеци управата на клубот одлучи да се раздели со него и тоа по поразот од Самсунспор.

Адана забележа само една победа на последните шест средби во шампионатот што беше сигнал за водечките луѓе да се решат да се ослободат од Клајверт иако тимот е на петтото место на табелата.

Со ова Патрик ја заврши првата посериозна работа како тренер, претходно тој беше асистент во неколку тимови, селекции, а ја водеше и репрезентацијата на Курасао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни