По речиси три години: Апи Нури повеќе не е во кома, свесен е каде се наоѓа! (Видео)

api-nuri

Приказната за младиот и надежен Абделхак Нури ја расплака цела фудбалска спорстска јавност пред три години, бидејќи тоа што требаше да претставува шанса за талентиран фудбалер, се претвори во вистински кошмар на пријателски натпревар против Вердер Бремен.

Популарниот Апи колабираше на средба против Вердер во летниот период во 2017-та година и поради трајни оштетувања на мозокот беше пренесено дека никогаш нема да може да игра фудбал, но речиси три години по непосакуваниот инцидент, неговиот брат сега се огласи во јавноста и откри дека има значителни подобрувања во здравствената и физичка состојба на Нури.

Последното издание на токшоуто „De Wereld Draait Door“ кое се пренесува во Холандија беше целосно посветено на Апи, а во истото, неговиот брат го имаше главниот збор.

– Тој многу долго не беше дома, но сега ние се грижиме за него. Откако е вратен дома, тој многу се подобрува. Во болницата не бележеше напредок. Тој сега е свесен дека е со нас дома, тој е опкружен во семејна идила и го чувствува тоа. Повеќе не е во кома, буден е и свесен. Тој често спие, кива, јаде, повремено и негодува, но сепак не може да стане од кревет. И натаму е многу врзан за креветот и се уште е зависен од нас. Кога има добри денови, пробува да комуницира, на пример, дава сигнали со капаците на очите или со насмевка. Зборуваме со него како да не му е ништо, пробуваме да ги слуша сите наши конверзации и пуштаме да гледа фудбал. Гледа фудбал и веднаш се воочува дека многу го сака. Доста често покажува емоции, но и се смее и тоа прави да се чувствуваме добро. Не знаевме дека една насмевка може толку да значи, – открива неговиот брат Абдерахим.

Facebook Коментари