По повредите на Ајон и Кузмиќ: Реал доведе поранешен центар на Атланта и Кливленд (Видео)

tavares

Екипата на Реал Мадрид како и што се очекуваше реагираше по тешките повреди на центрите Огњен Кузмиќ и Густаво Ајон, па од денеска нивен член е „џинот“ од 220 сантиметри Валтер Самуел Таварес.

Тој со „кралевите“ потпиша договор до натпреварувачката 2019/2020, па треба да биде од огромна помош под кошевите за составот предводен од Пабло Ласо. Популарниот Еди има 25 години и во својата досегашна кариера го има носено дресот и на НБА клубовите Атланта Хоус и Кливленд Кавалирс.

Шпанија за Таварес не е непозната дестинација зошто претходно ги има брането боите на Гран Канарија и Ла Палма.




Facebook Коментари