По повредата на Чаневски: Украинецот Умовиц ќе го чува голот на Еурофарм Работник

eurofarm rabotnik

Екипата на Еурофарм Работник презема конкретен чекор и доведе нов голман во своите редови по повредата на Градимир Чаневски која е од посериозна природа.

Како што информира клубот од Битола постигна е договор со 32-годишниот Евгениј Умовиц, украински интернационалец кој настапувал за Запорожјте, Лубанск, Вороњеш и Римаки и Трабзон.

Се очекува тој да му биде добар партнер на Филип Ивановски кој беше одличен на голот во Прилеп во саботата. Своето деби Умовиц треба да го има на утрешното градско дерби против Пелистер.

Facebook Коментари