Шпанија
По понижувањето од Реал и испаѓањето во Втора Лига: Барди испрати порака која ги изненади фановите (Фото)

Енис Барди ги брои последните седмици од договорот со Леванте, тим кој вчера и официјално испадна во Втора лига откако доживеа вистински потоп на „Сантијаго Бернабеу“.
Составот од Валенсија загуби со 6:0 и остана без математички шанси за опстанок во Примера на две кола пред крајот, па по емоциите кои ги искажа капитенот Моралес, со трогателна порака се јави и македонскиот репрезентативец кој ја заокружува петтата сезона во клубот од „Сиутат де Валенсија“.
Медиумите најавуваат дека Барди ќе направи трансфер како слободен агент, но последната порака од Барди по испаѓањето во Сегунда, многумина ја протолкуваа и како најава за можно останување и дојде како големо изненадување за јавноста.
Договорот на Барди завршува по крајот на оваа сезона, па реалноста вели дека тој ќе остане само ако седне на маса и постигне брз договор со клубот во наредниот период.
– Пристигнав во Леванте пред пет години, го направив тоа за да растам, со желба да бидам на нивото на овој голем клуб. Заедно доживеавме добри и лоши моменти, а оној од вчера е еден од најлошите и најтешки моменти во мојата професионална кариера. Огорчени сме бидејќи не бевме на нивото, не бевме на нивото на навивачите кои и вчера беа на наша страна во најтежок момент. Можеме само да се заблагодариме за поддршката и да кажеме дека ЗАЕДНО ќе го вратиме клубот онаму каде што заслужува да биде, – порача Барди.
-
Англијапред 15 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 15 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 12 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 10 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ