Поврзете се со нас

Репрезентација

По Пандев и селекторот Ангеловски и ФФМ со поддршка за Несторовски (ФОТО)

Објавено

на

По лошата вест дека Илија Несторовски и дефинитивно ќе го прескокне историското Европско првенство, на адреса на прилепчанецот стигнуваат низа пораки за поддршка.

Несторовски ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото, повреда која бара голема пауза што значи дека тој и дефинитивно нема да може да игра на континенталниот собир.

Откако Горан Пандев му даде поддршка на својот соиграч од репрезентацијата, поддршка стигна и од селекторот Игор Ангеловски, како и од ФФМ.

Ангеловски на своите профили на социјалните му упати охрабрувачка порака на својот пулен: -Нема предавање! Мораш да се вратиш уште посилен, -напиша Ангеловски.

Од ФФМ пак на својата официјална страна напишаа: – Запри. Крени ја главата. Остани силен. Биди горд.  Се ќе биде во ред!

Дефинитивно отсуството на Несторовски ќе биде голем удар за селекторот Игор Ангеловски кој сметаше на услугите на напаѓачот на Удинезе.

Запри. Крени ја главата. Остани силен. Биди горд.
Се ќе биде во ред @nestoro30!

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Понеделник, 26 април 2021

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни