Поврзете се со нас

Европски првенства

По Пандев, и Ангеловски со проштални зборови од Амстердам!

Објавено

на

Горан Пандев одговори на новинарското прашање на прес-конференцијата во Амстердам и јасно стави до знаење дека утрешниот натпревар на „Јохан Кројф арена“ ќе биде последен за него во националниот дрес, објава која секако ги растажи македонските фудбалски фанови кои се надеваа дека Гоче ќе остане дел од селекцијата барем до крајот на квалификациите за Светското првенство.

И покрај пораките од фановите и своите соиграчи, Пандев истакна дека нема подобро време да се стави крај на една репрезентативна кариера, откако го достигнал врвот со историскиот пласман на Европското првенство кое го заокружуваме утре.

Крајот на нашиот настап на Европското првенство ќе значи крај и за Пандев во националниот тим, но покрај него, проштални зборови од пресот испрати и Игор Ангеловски кој го завршува својот договор со ФФМ.

– Мојот договор исто така завршува. Можам да кажам само едно големо благодарем до господинот крај мене, Горан Пандев. Среќен сум што работев со таков човек и таков фудбалер. Благодарност до сите фудбалери, сите знаете каде бевме пред пет – шест години, а каде сме сега. Ќе го одработам договорот професионално, не сакам сега да зборувам за мојата иднина.

– Последниот меч за Пандев треба да биде дополнителен мотив за сите нас. Горан против Украина играше со две инјекции за болки, но ќе биде подготвен утревечер за игра. Знаеме која е Холандија, таа селекција ги победи и Австрија и Украина, што значи дека треба да бидеме беспрекорни на теренот. Убаво е да се игра против вакви селекции, мора да го извадиме максимумот на овој последен меч на Европското првенство, – изјави Ангеловски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни